Од канцеларијата на Европската куќа на кошарката стигна допис дека добивме организација на уште две европски младински натпреварувања, кои ќе се одиграат во наредната календарска година.
Тоа се ЕП во А-дивизијата за кошаркари U16, односно ЕП во Б-дивизија за кошаркарки U20. Мажите ќе играат во периодот 12-22 август, додека дамите ќе играат во периодот 9-17 јули во 2022-та година.
