Со убедливиот триумф против Ролинг со 54:84, тимот на Денис Дервишевиќ го задржува врвот со 13 победи и 2 пораза, по 15 одиграни натпревари на источната страна од второлигашката конкуренција во Македонија.
На западната страна од натпреварувањето кое води во Првата лига, Чаир победи со 61:64 во Охрид и на три меча до крајот на регуларниот дел на сезоната, има скор 14 победи и 1 пораз, пред Тетекс со 10 победи и 5 порази.
Исток:
Ролинг – Феникс 2010 54:84
Борец Баскет - Куманово 92:50
Запад:
Охрид – Чаир 2030 61:64
Спарта – Тетекс 57:63
Пелистер – Спорт Тим 90:74
**Другите натпревари од двете конференции, беа одложени.
