ФИБА се пофали дека квалификациите за ЕП во женска конкуренција се апсолутен успех, без оглед на катастрофалните услови што постојат на светско ниво, предизвикани од пандемијата коронавирус.

фото: FIBA
Според Светската куќа на кошарката, податоците на двата приложени графикона (во рамките на овој текст) се доказ за успех на теренот и вон теренот, во сите сегменти поврзани со кошаркарската игра.

фото: FIBA
Квалификаците се одржаа во три прозорци – ноември 2019, ноември 2020 и февруари 2021.
Беа вклучени 607 кошаркарки од 33 национални федерации, а нашата репрезентација беше дисквалификувана, поради што заврши на последната позиција во групата „И“ со Хрватска, Летонија и Германија.
