ПОЧЕТНА ЕВРОПА Евролига не прогласува шампиони без игра!

Евролига не прогласува шампиони без игра!

сподели
euroleague.net

Раководството на елитното европско клупско натпреварување, ги донесе следниве заклучоци, по повод ситуацијата со COVID-19:

  • Евролига сезоната 2019/20 ќе продолжи кога ќе се создадат услови за тоа, истото важи и за УЛЕБ Еврокупот.
  • Се разгледуваат специјални формати на доигрување, ако ситуацијата во иднина го наложи тоа.
  • Играчите и тренерите да се вратат во своите домови, да се разгледа алтернативен начин на исплаќање за време на кризата.
  • Правилата за финансиски фер-плеј да се направат пофлексибилни во зависност од последиците од пандемијата.
  • Сите членови на заедницата Евролига имаат обврска да ги почитуваат процедурите за заедничка борба против COVID-19.