ПОЧЕТНА ЕВРОПА Евролига без домашни натпревари, не се игра

Евролига без домашни натпревари, не се игра

сподели
euroleague.net

Екипата на Олимпијакос демонстративно предизвика бркање од елитната грчка кошаркарска лига, со неиграње два лигашки натпревара, претходно и еден од Купот на Грција, сите против Панатинаикос, со образложение дека е незадоволна од судењето на вечните дерби средби.

Анонимниот АСВЕЛ, си поигруваше со до скоро стандардниот учесник на завршните турнири, Олимпијакос. Една четвртина е премалку за ова ниво (фото: euroleague.net).

Сега Пирејците играат со Б тим во грчката втора лига и Купот, а првотимците настапуваат само во елитната лига, каде темпото е пеколно и нема лесни мечеви. Дуелите во Грција можеби се послаби од овие, но какви-такви, имаат соодветен квалитет за одржување на формата во текот на сезоната.