ПОЧЕТНА ЕВРОПА Евролигата нема да се доигра!

Евролигата нема да се доигра!

сподели
euroleague.net

Освен што сака да го врати Василис Спанулис во репрезентацијата, познатиот американски стручњак Рик Питино зборуваше и за европската клупска кошарка.

Меѓу другото, тврди дека елитното континентално натпреварување нема да го дочека својот крај.

„Тоа е она што го слушнав, но сакав и покрај се да ја завршам сезоната во Панатинаикос, а потоа да станам селектор. Не верувам дека тоа ќе се случи бидејќи нема да се доигра Евролигата“, вели Питино.

Засега нема никаква официјална или неофицијална потврда на ова тврдење, конечната одлука се очекува во периодот од 24 до 27 мај. Првиот план беше завршницата, последните шест кола и плеј-офот да се играат во еден град, па како најсериозен кандидат за домаќин се спомнуваше Белград.