Кавадарчани стартуваа со победа во првата рунда од домашниот премиерен шампионат, против гостиварци со 88:77. Гостите беа тврд орев до финишот, кога на офанзивната сцена стапија Самарџиски, Дејвис и Томиќ.
Гостинската екипа имаше предност од 71:77, на 8 минути до крајот на средбата. Самарџиски и Тодоровиќ кај домаќините, односно Еремовски кај гостите имаа по 21 поен, со што беа најдобри стрелци на натпреварот.
