Кавадарчани славеа кај ТФТ со 67:83 и ја остварија петтата победа во низа во македонскиот шампионат, зацврстувајќи се на втората позиција на табелата.
Со скор 13 победи и 6 порази, екипата на Горан Самарџиев му се заканува и на лидерот Пелистер, кој по 19 одиграни натпревари има само две победи повеќе.
