ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Еуро Никел го држи чекорот до врвот

Еуро Никел го држи чекорот до врвот

сподели
фото: КФСМ

Пред серијата тешки натпревари, поранешниот шампион рутински ги одработува натпреварите со екипите од долниот дел од табелата. Таков беше и овој со Академија ФМП иако скопската екипа се закани дека може да направи ново изненадување.

Еуро Никел победи со 59:68 и остана во групата екипи кои се на делба со третата до петтата позиција на табелата. Ѓорѓе Каплановиќ ги предводеше кавадарчани со 23 поени, го следеа Бакоч со 13 и Соколов со 10. Во домашната екипа Блантон реализира 13 поени.