Веќе три години сум прворангиран македонски 3х3 играч, на светската ранкинг листа. Приказната почна во 2018-та година, со екипата „Кантина“. Кошарката ми е во крвта, но можам да кажам дека од икс причини се пронајдов себеси во 3х3 баскетот.
Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.
Секој ден сакам да напредувам и да достигнувам повисоко ниво, па затоа сум максимално посветен на тоа што го правам. Понекогаш, колегите со кои тренирам знаат да ми кажат да застанам малку и да земам здив, но тоа не е на моето мени!
Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.
Во 2020-та играв за неколку српски екипи, затоа што овој спорт ти пружа шанса да менуваш тимови во текот на една сезона. Бодовите се стекнуваат индивидуално и тимски, а јас имав одлична година, освојувајќи го зимскиот ФИБА турнир.
Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.
Тоа ми овозможи во 2021-та да одам малку понапред, дури добив покана да играм и на три мастерс турнири, но КОВИД-19 пандемијата си го направи своето и во оваа дисциплина. Се надевам дека во продолжението на годината, ќе ја добијам истата шанса!
