Селекторот Тодоров и неговите избраници заминуваат за Перм каде ќе ја бранат честа на нашата земја, на балон-турнирот против Италија, Русија и Естонија.
Во пет дена, македонските репрезентативци ќе треба да одиграат четири натпревари (Италија, Русија, Италија, Естонија), а ставот на стратегот е јасен:
„Проблем е, дефинитивно. Но, така процениле во ФИБА. Ние треба да исполниме. Тешко е, особено што веќе имав можност да играм со мојот клуб еден таков балон. Игравме четири натпревари во пет дена.
Во тие услови, како клуб, дури и можеш и малку да тактизираш. Можеш да одмориш некого. Ова е сепак репрезентација. Сакале ние или не, мора на секој натпревар да одиме на максимум.“
На табелата сме последни, со два бода од два меча. Загубивме во Скопје од Естонија (72:81) и во Русија (77:67).
Две селекции од нашата група ќе се пласираат на собирот, Италија игра ревијално (еден од домаќините на ЕП).
