МАКЕДОНИЈА

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ: Дончиќ му е инспирација, небото му е граница, зрело размислува за инднината

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Андреј Митревски (190, 2003) ги направи првите кошаркарски чекори на игралиштето во скопската населба Железара, кошарката ја запозна преку КК Феникс, а во дресот на младинските селекции на Македонија го покажа сиот свој раскошен талент.

Младите спортисти често знаат да полетаат во облаци и нивните кариери да завршат уште пред да почнат, но ова момче размислува стабилно за својата иднина, сака да учи и да се развива, да се надоградува, да инвестира во себе и во она што го чека по кошарката.

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот (фото: Александар Ристовски).

Првиот кошаркарски медиум во Македонија, зборуваше со новиот бисер на македонската кошарка.

Релативно си млад, но со солидно сениорско искуство. Каде се гледаш себеси во моментов во кошарката, на кое ниво од развојот на еден играч?

„Во моментов сум на ниво на играч кој треба поинтезивно да почне да работи на изградба на своето тело, на доусовршување на техничките елементи, а се со цел преземање на поодговорна улога во тимот.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Каде и како ги почна кошаркарските чекори?

„Како и секое дете во нашата земја, моите први кошаркарски чекори почнаа во моето училиште, во ОУ „Григор Прличев“. Таму за првпат ја почувствував портокаловата магија и оттогаш се си доаѓа некако спонтано. Чувствувам дека јас и кошарката сме природен спој.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот (фото: Александар Ристовски).

Можеш ли да издвоиш еден момент кој беше пресвртница во досегашното твое искуство, кога сфати што всушност значи кошарката?

„Пресудно беше учеството во плеј – офот на Eybl во 2018 година каде што настапивме со екипата на Феникс до 15 години и се разбира од европското првенство во Удине 2019 година, каде ги измеривме силите со најдобрите репрезентации од нашата возраст.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Како ќе се дефинираш себеси според предиспозициите што ги имаш и според позициите на кои играш, ја добиваш ли вистинската шанса таму каде ти се гледаш во кошарката?

Сметам дека моја природна позиција е 2, таму се чувствувам некако најкомфорно, но сепак, како си доаѓа искуството со секој нов одигран меч, ми се чини дека во современата кошарка мора да бидам спремен да играм и на позиција 1.

foto: fiba.basketball

Во младинските категории, имаше забележителни резултати со нашата селекција, сообено во Сараево, а потоа и во Удине. Што научи од овие првенства?

„Од овие првенства научив дека само добро спремен играч може да одговори на високите предизвици што ги поставува едно такво натпреварување, на високо ниво во висок ритам. Верувајте дека во современата кошарка возраста не е битна, или си добар играч, или не си. Толку е едноставно.“

foto: fiba.basketball

Со оглед на тоа дека во младинските категории не бевме лесен залак, има ли Македонија квалитет да игра рамо до рамо со другите селекции од европскиот крем, откако вашите генерации ќе дојдат на сцената?

„Сеакако да и се надевам дека тоа ќе се случи во блиска иднина. Се што треба да направиме, е да го задржиме ритамот со кој се развиваме во нашите кариери, да го задржиме интензитетот на тренинзите, да се посветиме на усовршување. Резултатите си доаѓаат сами, ако се исполнат овие предуслови.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Генерално гледано, имаат ли младите играчи во Македонија услови да се развиваат, имаат ли можност да ги научат основите на кошарката кои потоа треба да се надоградат во сениорска конкуренција?

„Кај нас има доволно услови и можности да се научат основите на кошарката и потоа преку двете сениорски лиги, да се надградат младите играчи. На крајот на денот, од искуствата на нашите големи играчи кои досега оставиле белег во нашата историја, може да заклучиме дека само со упорност и со напорна работа, со откажување од одредени нешта во животот и со жртвување на слободното време, може да се стане голем кошаркар.“

foto: fiba.basketball

Беше дел од А селекцијата, како најмлад поединец на списокот на претходниот селектор, Александар Тодоров. Колку тоа искуство придонесе во твојот развој?

„Тоа е еден момент кој не може баш да се опише, едно чувство кое би му посакал секому да го почувствува. Срцето затреперува кога ќе си го прочиташ името на списокот на играчи повикани за сениорската селекција. Нормално дека учеството во квалификациите за ЕП е од огромна важност за мене, како голем поттик за понатамошната напорна работа. Благодарен сум им на сите што веруваа(т) во мене.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот (фото: Александар Ристовски).

За која екипа ќе настапуваш следната сезона?

„Само што заврши првенството и се уште не сум одлучил со сигурност. Верувам дека мојот менаџер, заедно со луѓето кои и досега одлучуваа за мојата кошаркарска иднина, ќе ми дадат доволно аргументи и совети да одлучам каде и во кој клуб да настапувам наредната сезона.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот (фото: Александар Ристовски).

За млад кошаркар, неизбежно е прашањето „кој е урнекот во обидот да ги оствариш твоите кошаркарски сништа“. Има ли некоја личност од овој спорт, која посебно те инспирира?

„Во моментов Лука Дончиќ е кошаркарот кој ме инспирира и некаков вид на урнек, во обидот да ги остварам моите кошаркарски сништа. Кога го гледам со топката, кошарката изгледа како наједноставното нешто на светот. Но, сето тоа е постигнато со многу, многу работа, покрај природниот талент кој го поседува мојот идол.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот (фото: Александар Ристовски).

Како би сакал да се движи твојата кариера, каде би сакал да играш?

„Неблагодарно е да се прогнозира однапред, но би сакал да одам до највисокото можно ниво во кошарката. Би сакал да играм сениорска кошарка прво во Македонија, потоа во некоја од екипите во регионот или во Европа, па на крајот, ако ми се укаже прилика, да заминам преку Океанот, во ветената земја за кошаркарите, во НБА лигата.“

Фотографиите се сопственост на порталот basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Во изминатиот период актуелни се твоите реклами каде го промовираш доброволното пензиско осигурување. Дали сметаш дека младо момче на твоја возраст треба уште од сега да размислува за својата пензија?

„Со оглед на тоа дека на спортистите не им следи пензија, вложувањата на дел од нивните примања во доброволниот пензиски фонд е најбезбедната инвестиција за нас. Од мали нозе треба да се научиме дека од огромна важност е да инвестираме во својата иднина, затоа што не знаеш што ти носи денот.“

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top