ПОЧЕТНА ЕВРОПА Екс-тренерот на МЗТ Скопје доби отказ

Екс-тренерот на МЗТ Скопје доби отказ

сподели
фото: МЗТ Скопје, Петр Стојановски

Серијата лоши резултати во АБА лигата доведоа до втора тренерска смена во регионалното натпреварување оваа сезона.

Жртва е Анте Назор, довчерашниот предводник на Задар кој во една етапа од својата кариера го водеше и МЗТ Скопје. Во новата сезона некогашниот шампион на Хрватска претрпе три порази во АБА лигата, а доживеа и дебакл од Цибона во домашното првенство по што раководството на клубот презеде драстични мерки.

За Назор ова беше трет мандат на клупата на Задар кого го водеше во сезоната 2012/13 и потоа од 2014 до 2016 година. Минатата сезона го спаси својот статус откако по баражот со МЗТ Скопје успеа да избори опстанок во АБА лигата.

Како негови потенцијални наследници се спомнуваат Данијел Јусуп и Дамир Мулаомеровиќ кој е селектор на Косово и тренер на тамошниот прволигаш Приштина.