ПОЧЕТНА ЕВРОПА Екс-македонскиот репрезентативец удри по Тринкиери: Парите не се важни… Ма да!

Екс-македонскиот репрезентативец удри по Тринкиери: Парите не се важни… Ма да!

сподели
фото: KK Partizan

Еден од најконтроверзните кошаркари на просторите на поранешна Југославија, Ратко Варда на интересен начин го искоментира заминувањето на досегашниот тренер на Партизан.

Андреа Тринкиери ги напушти „црно-белите“ затоа што клубот не беше во можност да го испочитува неговиот договор, како последица од корона кризата и му предложи намалување на годишната плата од 550 на 400 илјади евра. Италијанецот не прифати иако јавно изјавуваше дека не е се до парите. Варда веднаш го дочека на нож.

„И после Чанак е лош? Не разбирам зошто еуфорија? Да имаше каде, никогаш немаше ни да дојде во Партизан, ниту да кажува дека парите не се важни. Ма да, 100%, па и јас одев во Иран зашто сакав да ја запознам тамошната култура“, напиша Варда на Инстаграм.

Партизан уште не нашол замена за Тринкиери, а со оглед на намалениот буџет, ќе биде тешко да се најде звучно име.