ЕДИНОЛОГИЈА

Ќе гледаме пеколна женска лига, која заслужува поголемо внимание!

Фотографијата е сопственост на basketball.mk и на ЖКК Работнички. Истата не смее да се користи без дозвола на медиумот и на клубот.

Во првата колумна на Дина, таа зборува за квалитетот на македонската женска лига, сезонава.

Во македонските кошаркарски натпреварувања кај дамите, одамна немало волку изедначени екипи. Верувајте ми на зборот, дури пет или шест тима оваа сезона, ќе се борат за титулите во двете конкуренции, во првенството и во Купот, ако истиот се одржи.

Претходните неколку сезони, можеби и повеќе од една деценија, квалитетот на играчите беше сконцентриран во една или две екипи, најчесто Бадел, Вардар… и толку. Сега, на неколку страни од нашата земја, има екипи кои претендираат за врвот во двете натпреварувања.

Составите на Работнички, Бадел, Вардар, Струга и Баскет Кам имаат многу добри состави и не се знае кој ќе ја освои титулата, што е најинтересно. Има и екипи со млади генерации и со неискусни играчи, ќе има натпревари и со голема разлика, но во вториот дел ќе има многу, многу силни натпревари, вредни за гледање.

Фотографијата е сопственост на basketball.mk и на ЖКК Работнички. Истата не смее да се користи без дозвола на медиумот и на клубот.

Квалитетот на нашите екипи, сезонава се должи на дисперзијата на квалитетните играчи. Мојата и генерациите околу мојата, полека созреавме и сфативме дека е време да се обидеме да оставиме свој индивидуален печат во нашите кариери. Јас, на пример, решив да играм за Работнички, каде тренер е мојот татко. Направивме солидна екипа.

Сезонава, многу наши интернационалки се вратија во Македонија, поради познатата состојба со пандемијата, но и поради тоа што кај нас повторно има добри услови за женска кошарка. Доаѓаат и странски засилувања, одама немаме гледано ваков женски шампионат.

Ја повикувам публиката да не следи и да биде со нас преку сите можни средства на информирање, затоа што во моментов не може да биде на трибините. Ние, дамите во македонската кошарка, ветуваме дека ќе вратиме со возбудливи мечеви и со неизвесни битки за трофеите.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top