ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Доналдсон е мега-засилување за Гостивар

Доналдсон е мега-засилување за Гостивар

сподели

Она што важи за Хејден Лесколт во редовите на Работнички се однесува и за американскиот играч во тимот на Гостивар.

За разлика од мечот против Академија ФМП кога блесна Џелетовиќ, во Градски парк свое шоу имаше Донован Доналдсон кој за малку не стана херој на навивачите на неговата екипа. Неговата пожртвуваност го однесе во ситуација да постигне кош за водство од 90:89 во последните секунди, но тоа не беше доволно за победа.

Сепак, Доналдсон одигра одличен натпревар, му недостасуваа две асистенции за трипл-дабл бидејќи заврши со 21 поен, 10 скока и осум додавања за кош, со вкупен индекс 30, исто како и Лесколт.

Честитки за својата игра во Градски парк заслужува и ветеранот Диме Тасовски кој е на прагот од петтата деценија од животот. Во салата каде помина голем дел од својата кариера тој постигна 14 поени со само едно промашување (2/3 за три, 3/3 за два, 2/2 од линијата за слободни фрлања) и штета е што мораше да го напушти порано натпреварот поради пет лични грешки.