Во нашата престолнина ќе се играат мечевите од групата „Ф“ во мундијалските претквалификации, а на гости ќе ни дојдат Швајцарија и Словачка. Целта е да се помине првата фаза од системот за пласман на наредното СП, кое ќе се игра 2023-та година.
На 12-ти и на 16-ти август се соочуваме со Швајцарците, а на 14-ти и на 18-ти против Словачка. Селекциите што ќе се пласираат на првите две позиции во групата, ќе обезбедат место во главната фаза од квалификациските мечеви за светското првенство.
