Со одлична втора и последна четвртина, играчите на развојната екипа на МЗТ извојуваа победа во Кисела Вода, со 82:84 во дуелот од 21-то коло. Академија има 10/9 на третата позиција, додека МЗТ Скопје 2 има 5/13 на осмата позиција на табелата.
Последните 10 секунди од овој меч беа екстремно возбудливи, но не го сменија конечниот исход – прво Максим Митевски промаши две слободни за гостите, а потоа домаќините имаа три шута за победа, но ги промашија и резултатот остана непроменет.
