Шпанската екипа за која настапува нашиот репрезентативен плејмејкер, Ненад Димитријевиќ загуби и во второто УЛЕБ Еврокуп 1/4 финално соочување со италијанскиот гигант Виртус Болоња, предводен од српскиот стратег Александар Ѓорѓевиќ.
Резултатот на вториот меч беше 78:84, а Нено постигна 7 поени, со 2 скока и една асистенција. Бадалона се уште ја пече тројката на Ѓорѓевиќ за конечните 70:71 за Партизан, на три секунди до крајот во финалето на КЕШ 92-та во Истанбул.
Резултати 1/4 финале:
Хувентуд – Виртус 78:84 (0:2)
Левалоа – Гран Канарија 66:64 (0:2)
Монако – Будуќност 64:74 (1:1)
УНИКС – Локомотив 86:74 (1:1)
