Нено имаше 10 поени со 6 асистенции за 22 минути игра во победата кај Бургос со 65:69. Валенсија е на 10-та позиција со 3/3, ист скор како последниот противник кој е на 11-та во шпанската АЦБ лига.

ФОТО: Александар Џикиќ (photo: aba-liga.com, Buducnost VOLI)
Во мечот на многу „Македонци“, актуелниот репрезентативец Вајли и поранешниот селектор Џикиќ, славеа со Будуќност против сегашниот кормилар на нашата А селекција, Бајиќ и Игокеа со 81:68 во 4-то коло од АБА лигата.

ФОТО: Драган Бајиќ (photo: aba-liga.com, Buducnost VOLI)
Црногорската екипа има 3/1 на втората позиција, пред Звезда со идентичен учинок, а зад перфектниот Партизан со 4/0. Игокеа има 2/2 на 9-та позиција на табелата во регионалното натпреварување.
Плоешти и Андреј Магдевски загубија од конкурентот за првата позиција, Питешти со 70:74. Нашиот плејмејкер постигна 15 поени со 7 асистенции и 3 скока. Победникот сега е осамен лидер со 4/0, поразениот има 3/1 на втората позиција.
