Најтрофејната македонска екипа беше поразена од Борац со 77:82 во првиот меч од балон-турнирот во Србија, во рамките на АБА 2 лигата. Македонската гордост отпатува со 7 играчи, поради што на подобра игра не можеше ни да се надева.
Противникот водеше со +22, центарци се вратија во живот, во последните напади дури и поведоа, но кратката ротација си го направи своето. Питс постигна 26 поени кај нашиот претставник, Танасковиќ имаше 22 кај победничката екипа.
