ПОЧЕТНА СВЕТ Денвер нема лесно да се предаде

Денвер нема лесно да се предаде

сподели
Nuggets

Џамал Мари постигна 28 поени, имаше и 12 асистенции, во победата на Нагетс против Лејкјерс со 114:106 во третиот меч од Западното финале, по кој сега скорот е 2:1 за составот од ЛА. Српскиот центар Никола Јокиќ, имаше 22 поена со 10 скока.

Денвер постави рекорд со две враќања по негатива од 1:3 во тековниот плеј-оф, но со оваа победа се спаси од плеј-оф „дупка“ од која ниту една екипа во историјата не се вратила, а тоа е негатива 0:3. Леброн имаше трипл-дабл (30п, 11 а, 10с).