Во последниот напад Клемен Препелиќ беше изблокиран од Николас Батум и не успеа да положи за финале, а Американците со убедливата победа против Австралија покажаа зошто се дојдени на овој турнир.
Лука Дончиќ го оствари само третиот трипл-дабл во историјата на ЛОИ, со 16 поени, 18 асистенции и 10 скока. Леброн Џејмс имаше т-д во Лондон 2012-та, а Александер Белов во Монтреал 1976-та година.
Резултати:
САД – Австралија 97:78
Франција – Словенија 90:89
