Словенците победија против Јапонија, Шпанците против Аргентина и со по два триумфа во групата, овие две репрезентации во третото коло ќе се борат за првото место во друштвото Ц.
Аргентина во последната рунда ќе игра со домаќинот на ЛОИ во Токио, но ќе чека и на резултатите во другите две групи, во битката за двете најдобропласирани трети селекции.
Резултати (м):
Словенија - Јапонија 116:81
Шпанија - Аргентина 81:71
Резултати (ж):
Канада - Јужна Кореа 74:53
Шпанија - Србија 85:70
