Американките беа убедливи во последниот меч на ЛОИ во Токио, со 90:85 во битката за златото против домашната репрезентација, што им е 7-то редоследно злато за изедначување на рекордот во тимските олимписки спортови.
Сју Брд и Дајана Тураси по петти пат во кариерите се закитија со златен медал, што е рекорд во историјата на ЛОИ и на сите натпреварувања под капата на ФИБА. Селекторот Доун Стили е првата со титула како играч и тренер.
