ПОЧЕТНА ЕВРОПА Демонстрација на сила од израелската гордост

Демонстрација на сила од израелската гордост

сподели
euroleague.net

По двата стартни пораза, Макаби е во серија од пет победи откако пред своите навивачи го растури германскиот вицешампион АЛБА со 104:78. Со тоа тимот од Тел Авив се искачи на четвртата позиција на табелата во Евролигата подобрата кош-разлика во однос на Анадолу Ефес и Химки.

Џон ДиБартоломео постигна 19 поени, Скоти Блек 16, а Тарик Блек 13. Кај АЛБА, Пејтон Сива и Тејлор Кавана беа најдобри со по 14. Во следното коло Макаби ќе гостува кај Басконија, а германскиот тим на домашен терен ќе го пречека Панатинаикос.