ПОЧЕТНА ЕВРОПА Дечки, ова е елитата, знаете

Дечки, ова е елитата, знаете

сподели
euroleague.net

Дебитантот Зенит нема по добро да го памети својот прв натпревар во Евролигата затоа што на гости кај Алба беше убедливо совладан со 85:65. Руската кошарка рапидно се шири во сите натпреварувања во Европа, но за резултатите е потребно време.

Лендри Ноко постигна 16, а Маркус Ериксон реализира 15 поени за финалистот во шампионатот на Германија, кој постои релативно кратко (1991), но има забележителни резултати. Кај Зенит, кој во Евролигата влезе со специјална покана, Вил Томас беше најефикасен со 14 поени.