ПОЧЕТНА ЕВРОПА Дамјан прв „крадец, Хиндс најдобар асистент

Дамјан прв „крадец, Хиндс најдобар асистент

сподели
фото: МЗТ Скопје/Роберт Спасовски

Можеби не се во топ-10 кај играчите со највисок индекс, но двајца кошаркари на МЗТ Скопје се лидери во две статистички категории.

Дамјан Стојановски е прв по бројот на украдени топки со вкупно девет од кои пет на натпреварот против Рогашка во претходното коло од АБА 2 лигата. Веднаш зад него е Џабари Хиндс со осум, но Американецот е прв асистент со вкупно 22 додавања досега, односно 7,33 по натпревар.

Дамјан е и на третото место по бројот на уфрлени тројки во досегашниот дел од сезоната. Погоди 10 од 20 шута, а повеќе од него, по 11, имаат само Давор Кољевиќ и Иван Смиљаниќ.