Селекторот на македонската А репрезентација, Драган Бајиќ ја имаше првата официјална прес-конференција по преземањето на кормилото на нашиот национален тим.
„Се надевам дека ќе ги повториме резултатите од една не толку далечно минато. Сè што правевме од почетокот на моето преземање е со таа цел и јас од тоа не планирам да отстапам. Сакам репрезентацијата да се подмлади, да направиме план и пат за иднината, да се вратиме на големите натпреварувања. Се обидов да ги видам сите кандидати за националниот тим и разговарав со нив. Во тренажниот процес во подготовките ќе бидат вклучени 16 кошаркари и сите ќе конкурираат за репрезентацијата. Нивната просечна возраст е околу 24 години и мислам дека тоа треба да биде патот за иднината.“
