Словенечкиот ас, кој и покрај повредата во финалето беше еден од клучните протагонисти за титулата освоена на европското првенство одиграно 2017-та во Истанбул, рече дека секогаш му е чест да настапува за својата земја.
„Добро се чувствувам, отсекогаш ми било чест да играм за Словенија. Особено со овој состав и со играчите што ги имаме. Не бев во тренажен процес една седмица, одморав од напорната НБА сезона. Засега се загревам, но тоа не е важно. Ќе бидам подготвен за квалификациите.“

fiba.basketball
Словенија ќе игра во Каунас, во рамките на групата Б против селекциите на Полска и Ангола. Во другата група се Литванија, Јужна Кореа и Венецуела. Само победникот на турнирот, обезбедува виза за ЛОИ во Токио (2020) 2021.
