ПОЧЕТНА ЕВРОПА ЦСКА маршира сигурно на рускиот фронт

ЦСКА маршира сигурно на рускиот фронт

сподели
euroleague.net

Симболот на рускиот спорт победи во Ленинградка дербито на главниот град, во дуелот против Химки, со 99:86 во третото евролигашко коло. Ова беше четврта редоследна и деветта победа во последните 10 меѓусебни дуели, за армејците.

Најдобриот стрелец минатата сезона, Мајк Џејмс постигна 18 поени во првата четвртина (на крајот имаше 28 поени), домаќинот водеше и со 16 предност, со што гостите никако не успеаја да се справат до крајот на мечот. ЦСКА има 3/0, Химки 2/1.