Се одиграа три големи дерби средби во 5-та рунда на европското елитно натпреварување, во кои се радуваа домашните екипи. Барселона и Милано остануваат единствените непоразени тимови, во досегашниот тек од новата сезона на Евролига.
Иако Дорси имаше 32 поена за гостите, сепак подобриот тимски учинок беше пресуден за триумфот на ЦСКА против Олимпијакос во Москва. Поарие му донесе славје на Кралскиот клуб со двете погодени слободни во финишот, гостите од Турција промашија за три поени во последните 10 секунди.
Макаби имаше +20 (64:44) во последниот период, гостите од Грција стигнаа до -2 (75:73), но големата негатива беше преголем залак за Панатинаикос, кој редовно игра возбудливи мечеви со Гордоста на Израел, како некогаш во финалињата на Купот на шампионите.
Резултати 5-коло:
ЦСКА Москва - Олимпијакос 88:82
Реал М. - Фенербахче 70:69
Макаби - ПАО 77:73
Барселона - Зенит 84:58
Милано - АСВЕЛ 73:72
Басконија - Монако 78:66
Црвена звезда - Алба 63:78
Анадолу - УНИКС 71:68
Жалгирис - Баерн 73:75
Табела:
Барселона 5/0
Милано 5/0
Реал Мадрид 4/1
ЦСКА Москва 4/1
Олимпијакос 3/2 …
