Екипата од скопско Тафталиџе славеше на гостувањето кај МЗТ Скопје 2, со 74:90 во рамките на 20-то коло во домашното првенство. Последниот период беше решавачки за високата победа, иако гостите го контролираа целиот меч од резултатска гледна точка.
Ова беше втор триумф ротив истиот противник, за составот на ТФТ, кој победи и на Кале (76:65) во заостанатиот натпревар од 8-то коло, кој се одигра на 10-ти март. ТФТ има 12 победи и 4 порази на втората, МЗТ 2 има скор 4/13 на 8-та позиција на табелата.
