ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Четворица продолжија со Куманово, Караколев пред кам-бек

Четворица продолжија со Куманово, Караколев пред кам-бек

сподели
Никола Караколев веќе беше член на Куманово од 2015 до 2018 година

Поранешниот вицешампион и финалист во Купот на Македонија интензивно работи на креирање на составот за претстојната сезона.

Први на преговори дојдоа домашните кошаркари и се чини дека костурот на тимот ќе го сочинуваат играчите кои и минатата натпреварувачка кампања го носеа дресот на Куманово. Basketball.mk дознава дека договорите ги продолжија Горјан Марковски, Оливер Двојаковски, Андреј Цветковски и Миодраг Тодоровиќ.

Во тек се преговорите со капитенот Марјан Јанески, како и со искусниот Никола Караколев кој три сезони, од 2015 до 2018 година, го носеше дресот на кумановци. Покрај ова, во текот на утрешниот ден треба да се реши и тренерското прашање, а најсериозен кандидат за позицијата е довчерашниот предводник на Академија ФМП, Владимир Мирковски.