ПОЧЕТНА ЕВРОПА Четири клуба сакаат да продолжи Евролигата, пет се против

Четири клуба сакаат да продолжи Евролигата, пет се против

сподели
euroleague.net

На нешто повеќе од 24 часа пред конечната одлука за иднината на сезоната во Евролигата, главниот уредник на порталот Спортандо, Емилијано Каршија објави дека има разногласие кај клубовите.

Како што тврди тој, пет клуба во моментов се против продолжение на сезоната, а четири сакаат елитното натпреварување да се доврши. Против се: Милано, ЦСКА, Панатинаикос, Олимпијакос и Фенербахче, а ЗА: Реал, Барселона, Макаби и Анадолу Ефес. Уште не се знае како размислуваат Басконија и Жалгирис, но може да се очекува литванскиот клуб да гласа ЗА бидејќи веќе ја истакна својата кандидатура за организација на завршницата.

Својот став на утрешниот состанок ќе можат да го изразат 11 клуба кои имаат А-лиценци за настап во Евролигата. Играчите веќе донесоа заклучок, тие се против доигрување на сезоната.

Во долгата пауза, предизвикана од корона вирусот, се случија неколку играчки промени во екипите од Евролига, па и односот на силите веројатно нема да биде ист до крајот на сезоната, ако таа се доигра.