МАКЕДОНИЈА

Битола не се дели од Илиевски

ФОТО: КК Пелистер (Facebook)

За Пелистер сезоната официјално заврши, а со пласманот во полуфиналето на плеј-офот оствари забележителен резултат. И додека кошаркарите се на заслужен одмор, управата веќе почна да работи околу создавање на компетитивен тим за сезоната 2021/22.

Проектот и во иднина ќе се врти околу тренерот Марјан Илиевски, кој многу му недостигаше на тимот во претходните два месеца поради здравствени проблеми.

Наскоро го очекуваме неговото враќање и конструкцијата на тимот за следното првенство, а наскоро ќе ги објавиме плановите за подготовки за новата сезона, а потоа и деталите околу играчкиот кадар за следниот шампионат, вели раководството на Пелистер.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top