Македонскиот репрезентативец имаше прилика да го покаже својот квалитет и успеа во тоа, носејќи ја капитенската лента на мечот меѓу Работнички и ФМП Академија (68:66), во 22-то коло во домашниот шампионат.
Виктор Ефремовски го почна мечот и одигра скоро 30 минути, време за кое постигна 12 поени со шут од поле 4/7, односно 1/2 за два поена и 3/5 за три поени. Од линијата за слободни фрлања имаше учинок 1/2.
Во статистиката, Викса додаде една асистенција, а имаше и една загубена топка. Неговиот просек сезонава, во македонското првенство е 17.8 одиграни минути по натпревар, со 5.8 поени, 1.8 скок и 0.6 асистенции.
