ПОЧЕТНА Други лиги Биоплант победи на 3х3 турнирот во Кисела Вода

Биоплант победи на 3х3 турнирот во Кисела Вода

сподели

Екипата од Скопје е победник на вториот турнир сезонава, во календарот на нашето 3х3 натпреварување за 2019-та година. Во финалето сините беа поуспешни од екипата на Кантина 1, исто така од главниот град.

Турнирот го организира ФИБА лиценцираното здружение 3х3 Баскетбал Македонија, во коорганизација со Агенцијата за млади и спорт, кошаркарската федерација на Македонија, Општина Кисела Вода и КК Ангели.