Македонскиот шампион славеше со 71:90 против домаќинот на АБА 2 балон-турнирот Златибор и пласманот на 5-та или на 6-та позиција, му зависи од исходот на мечот Студентски центар – Подгорица, во кој треба да навиваме за „гостинската“ екипа.
Првите поени за аеродромци ги постигна Димитар Иванов (2003, 195), кој за 02’19” на паркетот имаше два поена, со еден единствен прецизен удар од поле, на кој додаде и еден скок во дефанзивата, во неговиот втрор настап (01’15” – Борац од Бања Лука).
