ПОЧЕТНА ЕВРОПА Белград ќе биде центар на европската кошарка!?

Белград ќе биде центар на европската кошарка!?

сподели
фото: Virtus

Италијанскиот весник „Кориере дело Болоња“ откри каде ќе се игра Ф8 од второто по квалитет натпреварување на УЛЕБ – Еврокупот.

Според весникот, тоа ќе биде Белград иако токму Болоња беше еден од противкандидатите на српската престолнина. Наведен е и точниот датум на почетокот, тоа ќе биде 4 јули и во период од две недели ќе се одигра завршниот дел од овој куп.

Засега нема официјална потврда од УЛЕБ, таа треба да дојде на 24 мај кога ќе се знае и кој ќе биде домаќин на завршницата од Евролигата. И тука главен кандидат е Белград кој поднесе целосен план за тоа како и каде ќе бидат сместени 18-те екипи што учествуваат во елитното натпреварување.

Што се однесува до Еврокупот, двојките за четвртфиналето ги сочинуваат: Партизан-Уникс, Промитеас-Тофаш, Уникаха-Венеција и Виртус-Монако.