Освежувањето во нашата женска кошарка, продолжува да реди победи во нашата премиерна конкуренција кај дамите. Последен ривал што беше совладан, е екипата на Крива Паланка, со убедливи и доминантни 88:70.
Ивана Кметовска постигна 20 поени, а Катерина Поп Димитровска еден поен помалку, во премиерниот настап на Баскет Кам во новата реновирана сала во Македонска Каменица. Во следната рунда, гостува екипата на Вардар.
