Каталонците гостуваат во Монако, во рамките на четвртото коло од премиерното европско натпреварување. Барселона е лидер на табелата во Евролига со 2/1, додека Монако е на едно место под плеј-оф зоната, на 9-та позиција со учинок 1/2.
ЦСКА Москва ќе и биде домаќин на Црвена звезда, двата тима влегуваат во овој дуел со по две евролигашки победи во низа. На последните два меѓусебни меча во ова натпреварување, скорот е 1:1, дуели на кои победуваа домаќините.
3-то коло:
ЦСКА Москва – Црвена звезда (19:00 ч.)
Монако – Барселона (19:00 ч.)
Олимпијакос – Жалгирис (20:00 ч.)
Милано – Анадолу Ефес (20:30 ч.)
Реал Мадрид – Панатинаикос (21:00 ч.)
