ЕВРОПА

Барса единствена непоразена по 6 елитни кола

photo: M. Serbin, cskabasket.com

Победата на гостински терен сезонава е на цена, на почетокот на новиот шампионат на Евролига со оглед на тоа дека гостите тешко победуваат сезонава - во 6-то коло, седум од девет натпревари завршија со победа на домаќините.

Каталонците се радуваа на гости кај Фенербахче со кошот за победа на Никола Миротиќ, Реал Мадрид славеше против Зенит во Санкт Петербург. Баерн го порази перфектниот состав на Олимпија од Милано, Монако победи против Звезда.

Макаби реализира трета победа во низа со славјето против Жалгирис. Московјаните неочекувано беа поразени кај Асвел, а Дерил Мејкон постави клупски рекорд со 9 тројки во победата на Панатинаикос против шампионот Ефес.

Резултати:

Фенербахче - Барселона 74:76
Зенит - Реал М. 68:75
Макаби - Жалгирис 76:62
АСВЕЛ - ЦСКА Москва 70:68
Монако - Црвена звезда 70:62
Панатинаикос - Анадолу 95:69
Олимпијакос - Алба 87:83
Баерн - Олимпија 83:77
УНИКС - Басконија 83:69

Табела:

Барселона 6/0
Реал М. 5/1
Олимпија М. 5/1
Олимпијакос 4/2 …

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top