ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барса по старо пред гостувањето во Белград

Барса по старо пред гостувањето во Белград

сподели

Поранешниот европски првак и еден од најголемите фаворити за титулата во Евролигата оваа сезона продолжи со максималниот ефект во новата сезона. Пред своите навивачи ја совлада Алба со 103:84 иако имаше мали проблеми во првото полувреме.

Сега Барселона е на првото место во Евролигата, а само уште шампионот ЦСКА има 3/3 во досегашниот дел. Во следното коло Барса гостува кај Звезда во пеколот на белградската Арена.