ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барса остана без еден од најдобрите!

Барса остана без еден од најдобрите!

сподели

Искусниот плејмејкер на Барселона, Малколм Дилејни не е повеќе член на каталонската гордост.

Медиумите во Шпанија објавија дека дошло до спогодбен раскин на договорот бидејќи 31-годишниот кошаркар и натаму е во Атланта и никој не знае кога би можел да се врати во Каталонија. Дури и да му биде дозволено тоа, ќе мора прво да помине 14 дена во карантин и мали се шансите да биде максимално подготвен за завршницата од АЦБ лигата, кон средината на јуни.

До несогласувања на релација Барса-Дилејни дојде и во текот на сезоната бидејќи кошаркарот бараше повеќегодишен договор, а клубот му нудеше на само уште една сезона. Тој беше еден од најдобрите во тимот со ефект од 10,3 поени, 3,6 асистенции и 1,8 скока на 19 натпревари во домашното првенство.