ПОЧЕТНА ЕВРОПА Барса го преживеа литванскиот вулкан

Барса го преживеа литванскиот вулкан

сподели
euroleague.net

Минатонеделниот пораз од Армани не остави длабока трага во редовите на шпанскиот вицешампион кој брзо им се врати на победите. Нема подобро место за кревање на самодовербата од Каунас, односно од арената на Жалгирис каде паднале многу херои.

Барса славеше со 86:93 на крилјата на Никола Миротиќ и Кори Хигинс кои заедно постигнаа 51 поен. Каталонците ќе гостуваат и во следното коло, кај својот најголем ривал Реал Мадрид кој има две победи помалку од Барселона оваа сезона.