Вајли и Сарагоса неочекувано претрпеа тежок пораз во Германија, во рамките на групата „Л“ во Лигата на шампионите на ФИБА, со преубедливи 117:76. Гостите крахираа во третиот период, кој го загубија со скор 34:16.
Македонскиот репрезентативец имаше 7 поени и 1 скок, за скоро 8 минути во игра. Сарагоса останува лидер со две победи и 1 пораз, пред екипата на Нимбурк со 2/0, Бамберг со 1/2 и Сасари со 2 пораза по првите две кола.
