ПОЧЕТНА ЕВРОПА Баерн тргна да го тепа Хамбург на дупло

Баерн тргна да го тепа Хамбург на дупло

сподели
фото: Bayern

Минхенскиот гигант го добива овој епитет и во кошарка, барем за германски стандарди. Екипата предводена од некогашниот тренер на Црвена звезда, Дејан Радоњиќ го прегази конкурентот во првото коло.

Во новата сезона во Бундеслигата, актуелниот и петкратен шампион славеше со 111:55, што беше највисоката победа на почетокот на натпреварувачката година. Гостите имаа 7 поени во првата и 10 во втората четвртина, а домашните 23 само во првата.

FIBA

Интересно е што Хамбург го предводи полскиот селектор Мајк Тејлор, кој имаше одлична кампања со оваа репрезентација на светскиот кошаркарски самит во Кина, каде го освои 8-то место и обезбеди позиција на олимписките квалификациски турнири.