Македонските репрезентативци се сретнаа во рамките на 25-то коло во шпанската АЦБ лига, во дуел што помина во знакот на гостите од Бадалона, кои победија со 95:100.
🛫 @JWiley_24, 𝒄𝒍𝒆𝒂𝒓𝒆𝒅 𝒇𝒐𝒓 𝒕𝒂𝒌𝒆𝒐𝒇𝒇 💥#CZACJB #LigaEndesa | #MásUnidosQueNunca🦁 pic.twitter.com/uYiVFL8awS
— Casademont Zaragoza (@CasademontZGZ) March 7, 2021
Џејкоб Вајли постигна 21 поен со 10 скока и беше поединец број 1 во неговата екипа, со индекс 27. Харис имаше 21 поен, но со индекс 25.
Кај победникот, Ненад Димитријевиќ имаше реализација 19 поени, со 5 асистенции и валоризација 18, што беше трет МВП индекс во неговата екипа.
👀 El PASE de @Rodsanmi00#LigaEndesa
🎥 En directo por @MovistarPlus pic.twitter.com/9pTsGi6V4m— Liga Endesa (@ACBCOM) March 6, 2021
По 25 кола, Хувентуд се наоѓа на 7-та позиција на табелата со скор 13/10, додека екипата на Сарагоса е на 11-та позиција со учинок 10 победи и 14 порази.
