Најтрофејната екипа во нашата женска кошарка ја забележа и десеттата победа во првенството, победувајќи го конкурентот за висок пласман, екипата на Струга со преубедливи 80:41. Трокал славеше против Пантери со 59:35, во западниот дел од лигата.
Истокот го одбележа победата на Вардар против Куманово, исто така со преубедливи 107:34, со што актуелниот носител на двете круни се наоѓа на втората позиција, зад освежувањето кај дамите Баскет Кам, со максимални 9 победи во 9 одиграни натпревари.
